„Приказна за љубовта и темнината“ е семејна сага и магичен автопортрет на Амос Оз, кој нè води на едно заводливо патување во своето детство и младост.
Приказна за момче што расте во разрушените улици на воениот Ерусалим во 1940-тите и во 1950-тите години, во мал стан пренатрупан со книги на многу јазици. Трагична историја на едно наизглед нормално и среќно семејство. Животот на Амос засекогаш се менува по самоубиството на неговата мајка кога тој имал само 12 години. Оз е човек што ги остава зад себе ограничувањата што му ги поставуваат семејството и неговата заедница задоена од дневна политика и наследените култура и религија. Тој го менува своето име, се жени, основа семејство и се вклучува активно во политичкиот живот на својата нација. Лична и потресна „must read“ биографија, која ќе ве воодушеви и ќе ве расплаче.
Во 2015 година Натали Портман го режира истоимениот филм. Самата ја толкува улогата на мајката на авторот и зборува на хебрејски јазик.