Книга: „Последниот слон воин” – новела на „кралот на приказните за животни“

149

Новелата „Последниот слон воин” е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од серијата од пет книги, во издание на „Македоника литера“, во кои се поместени најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади, уште наречен „кралот на приказните за животни“.

„Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа. Шен Шиси имал нераскинлива врска со животните уште пред неговата писателска кариера. На 16-годишна возраст, во 1968 година, во време кога многу млади луѓе од кинеските градови биле испраќани во оддалечените рурални области, Шен побарал да замине во Сишуангбана, тропски регион во провинцијата Јунан во југозападна Кина. Тој живеел на границата на Јунан 18 години. Работел како работник во хидроцентрала и учител во планинско село, акумулирајќи искуство во оваа област. Единствената причина што Шен Шиси го избрал Јунан е тоа што имал слушано за многуте различни животни таму и можел да има куче за лов…“, ќе посочи издавачот „Македоника литера“.