„Порака во шише“ на Јуси Адлер-Олсен во 2010 година ја доби престижната награда „Стаклен клуч“ во категоријата најдобар нордиски крими-роман на годината.
Израснат во екстремно религиско семејство, кога пораснал, педантно и безмилосно тргнал во поход да се одмазди на сите секти за своето несреќно и заробено детство. Планот му го загрозува шише, пронајдено на морски брег, а потоа со години заборавено во шкотска полициска станица. Во шишето се наоѓа порака што е мошне уништена и тешко читлива. Единствено може да се забележи: Помош! Кога шишето стигнува во рацете на инспекторот Карл Морк во Данска, заедно со помошниците Асад и Роуз тој ќе успее да дешифрира повеќе букви од пораката. Станува јасно дека некаде во деведесеттите години две момчиња биле киднапирани, а ова шише е единствениот знак на живот што тие го испратиле. Но кои се момчињата и зошто нивните родители никогаш не пријавиле дека се исчезнати? И, што се случило со нив?