Книга на Калина Велевска: Промоција на “Дневникот на една планинарка”

135

Во Младинскиот културен центар, на 11 февруари, во 20 часот ќе биде промовирана книгата “Дневникот на една планинарка” од Калина Велевска, а во издание на “Репро принт”.

Станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот “Мис”, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија но и во соседните земји.

Калина Велевска (1990), дипломиран правник, вработена во Основното јавно обвинителство, трагично го загуби својот живот, заедно со Александар Миновски, на 10 февруари 2018 година на Кајмакчалан.