Книга: „Мултиверзум за почетници“ – за космологијата, астрономијата

68

Каде универзумот е „згрутчен“, а каде „мазен“? Што имаат заедничко „Епот за Гилгамеш“ и „Сердарот“ на Григор Прличев? Како го знаеме она што го знаеме за вселената? Како Галилеј се сетил на релативноста векови пред Ајнштајн? Зошто фундаменталните природни закони се онакви какви што се? Кои се најновите достигнувања во областа на истражувањето на вселената? Одговорот на овие, но и на многу други прашања, ќе го добиеме од „прва рака“, од Златко Василковски, предавач на најпрестижните универзитети во светот, како Харвард и МИТ, и човек кој е на „ти“ со врвните светски авторитети областа на природните науки. За фасцинантните вселенски теми авторот е во непосреден контакт со изворите на знаењата со кои може да се пофали современото човештво.

Книгата „Мултиверзум за почетници“ на Златко Василковски е првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик.