„Лавиринтот“ на Аманда Лори е хипнотичка приказна за вината и за негирањето, за напнатиот однос помеѓу родителите и децата, но и медитација за тоа како може уметноста да биде и безмилосно деструктивна, но и да помогне за враќање на разумот. Синот на Ерика Марсден, уметник, е затворен поради убиство од небрежност. Во состојба на тага, Ерика ги прекинува сите врски со семејството и со пријателите и се повлекува во тивко селце на југоисточниот брег, во близина на затворот во кој нејзиниот син ја издржува казната. Таму, во запуштена барака, таа е опседната со тоа да создаде лавиринт покрај океанот. За да го изгради – да најде излез од својата дилема – на Ерика ќе ѝ биде потребна помош од туѓинци. А, тоа ќе бара од неа да има доверба во луѓето и да се пресмета со своето минато.