Книга: „Крајот на осаменоста“ – емотивна приказна за семејството

29

„Крајот на осаменоста“ на Бенедик Велс е трогателен роман за загубата на саканите и осаменоста, емотивна приказна за семејството и пријателството. И над сè, голема љубовна историја.

„’Крајот на осаменоста’ нè води низ драматичниот живот на двајца браќа и една сестра кои ги губат своите родители во автомобилска несреќа и го поминуваат детството и младоста со чувство на напуштеност и отуѓеност. Кога ќе пораснат, сметаат дека го надминале тој удар на судбината, но… Поминувајќи низ подеми и падови, секогаш одново болно се навраќаат на минатото, кое го оставило својот суров печат врз нивните животи. Калеидоскопска семејна сага и колеблива, закрепнувачка љубовна приказна, ‘Крајот на осаменоста’ нуди неверојатни размисли за моќта на спомените, за загубата и она од кое никогаш не можеме да се ослободиме и да го заборавиме. Со неповторливо сочувство и блескав стил, Бенедикт Велс ни покажува што значи да си го најдеме патот во животот и нè потсетува дека доколку не ја изгубиме надежта, ќе најдеме и некој со когошто би го изоделе“, ќе посочи издавачката куќа „Три“.