Книга: „Кафулето Зошто“ – одговори на важните прашања

286

„Кафулето Зошто“ на Џон П. Стрелецки е книга која треба на три навидум бесмислени и чудни прашања да се потруди да најде одговори.

Тие се: Зошто си тука? Се плашиш ли од смртта? Дали се чувствуваш исполнет? Џон зема еднонеделен одмор и тргнува на пат, некаде каде што ќе може да избега од едноличноста што веќе почнува да го заморува. Изгубувајќи се и останувајќи без бензин, гладен и бесен, заталкува во некое пусто, ненаселено место. Одненадеж, патот ќе го однесе до едно необично кафуле. Во него, на задната страница од менито, ќе прочита три прашања кои ќе се надоврзат на неговото прашање, а кое сè почесто си го поставува: зар животот нема ништо друго да ми понуди?

Разговарајќи со вработените во Кафулето Зошто ќе добие одговори што ќе му го сменат животот од корен.