„Детето што сакаше елени“ е трилер на Самуел Бјорк, автор на бестселерот „Патувам сама“. Полн со исчекување, тензија и возбуда…
Зима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомобил. Одеднаш забележува нешто пред себе и нагло закочува. Фаровите фрлаат светлина врз снегот на патот каде што стои преплашено дете со помодрени усни и со еленски рогови на главата.
Четиринаесет години подоцна, во планинското езеро недалеку оттука, пронајдена е мртва девојка. Во балетски костим, а близу до неа стои и фотоапарат на статив. За една недела ќе се случат уште две убиства. Убиецот остава насоки за полицијата што ги водат во игра во која не може да победат.