Книга: „Брит-Мари беше тука“ – за вторите шанси што ги заслужуваме

36

„Брит-Мари беше тука“ на Фредрик Бакман е неодолив роман за наоѓање љубов и за вторите шанси што сите ги заслужуваме.

Зад социјално непријатното, напорно лице на Брит-Мари се крие жена со фантазија, со преголеми соништа и со претопло срце. По разделбата со сопругот Кент, животот го почнува одново во мистериозното гратче Борг. Секојдневно се соочува со новите сограѓани: пијаници, џаболебари, а еден згоден локален полицаец успева дури и да ѝ го привлече вниманието. Нејзината нова и речиси невозможна задача е да стане тренер на фудбалски тип со неталентирани деца. Дали Брит-Мари ќе го најде местото каде што навистина припаѓа?

На комичен и динамичен, внимателен и хуман начин се слават неочекуваните пријателства што нè менуваат засекогаш. Дали може да го направиме светот подобро место?