Книга: „А пропо ништо“ – автобиографија на Вуди Ален

45

„А пропо ништо“ е бескрајно забавен, длабоко искрен, богат и брилијантен автопортрет на славниот уметник, кој се вбројува меѓу најголемите режисери на нашето време.

Почнувајќи од детството во Бруклин и хонорарната работа како текстописец за забавната емисија на Сид Цезар, Ален ни раскажува за своите почетоци како стендап комичар и за патот до првите признанија и успеси. Со неповторливи живост и енергичност, тој ни раскажува за филмовите и ја опфаќа целата своја исклучително плодна кариера, долга шеесет години, како сценарист и режисер, од своите класики како „Ени Хол“, „Менхетен“ и „Хана и нејзините сестри“ до „Полноќ“ во Париз.

Патем, ни раскажува и за своите бракови, за љубовните врски, за пријателствата со славни личности, за џезот и за своите книги.

ИЗДВОЕНИ