Книга: „Атомски навики“ – систем на трансформација

56

„Атомски навики“ на Џејмс Клир ќе го преобликува начинот на кој размислувате за успехот и за напредокот и ќе ви ги даде потребните алатки и стратегии за трансформација на вашите навики – сеедно дали сте тим што сака да освои првенство, компанија што се стреми да се издигне над конкуренцијата или едноставно поединец што сака да престане да пуши, да ја намали тежината, да го победи стресот или да постигне некоја друга цел. Навиките се оној ситен детаљ што може да донесе огромен пакет од позитивни промени кај секого од нас. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена. Оваа книга содржи проверен и докажан систем, и ќе научите како: да најдете време за нови навики; да го надминете недостигот на мотивација и на волја; да ја промените својата околина за да бидете поуспешни; да се вратите на патот кога ќе скршнете од курсот.