Романот „Атала“ на Франсоа-Рене де Шатобријан раскажува за една религиозна и романтична страст која за рамка ги има егзотичните пејзажи на Америка, од Луизијана до Канада.
Релацијата на љубовта меѓу двајца дивјаци во пустината (Атала и Шактас) не само што ја афирмира теоријата на авторот за убавината на христијанството и на поезијата на религијата туку ја открива и љубовта на Шатобријан кон природата, која евоцира чувства толку ценети од романтичарите.
Оваа книга е компонирана од делови што можеме да ги наречеме големи поеми во лирска проза, кои го поврзуваат расказот што ја носи основната оркестрација. Рене од истоимениот краток роман, како што велат неговите биографи, е самиот Шатобријан. Негов духовен автопортрет. Секој што ќе ја прочита неговата биографија, веднаш ќе открие некои карактеристики меѓу јунакот Рене, кој во стари години, на брегот од Мешасебе, во џунглата, им ја раскажува својата драматична и мошне трогателна животна приказна на слепиот и веќе многу остарен Шактас, јунакот од претходниот роман…