Романот „Антабус“ на Серај Шахинер раскажува за насилството над жените, преку светогледот на петнаесетгодишната Лејла. Таа е единствената ќерка во работничко семејство што емигрирало од Анадолија во Истанбул. И наместо на училиште, пратена е да работи во конфекција за да носи пари дома. Лејла почнува да ја живее сопствената трагична судбина и на овие страници ја раскажува непосредно, без китење или скривање на што и да е. Суровата реалност на Лејла, која живее за да најде начин да избега од ситуацијата во која се наоѓа, нема да ве остави рамнодушни. Моќта на зборот на авторката Серај Шахинер е таква што чувствувате дека и туѓата болка боли. Театарот „Татбикат Сахнеси“ ја изведува драмата адаптирана според овој роман и во 2016 година ја доби специјалната награда „Џеват Фехми Башкут“.