Клубот го понижи, сопругата го остави, а утеха му се „само“ четири дами

172

Поранешниот репрезентативец на Англија и фудбалер на премиерлигашот Њукасл, Киеран Трипие е уште еден доказ дека не е се така розево ако си професионалец и имаш илијадници евра на својата сметка.

Офанзивниот бек беше понижен пред почетокот на новата сезона кога му беше одземена капитенската лента, а начинот на кој живее ја згрози и неговата сопруга.

Трипие има 34 години и сигурно се уште не го има дадено последниот збор кога е во прашање неговата фудбалска кариера, но работите не му одат баш најдобро во последно време.

По Европското првенство во Германија, Трипие реши да се збогува со Англија и целосно да се фокусира на клупската кариера и обидот да го спаси бракот со Шарлот кој трае од 2015 година.

Сепак, се беше залудно бидејќи „страчките“ решија да му ја одземат капитенската лента, а после тоа и Шарлот ги зеде своите работи, нејзините три деца и го напушти заедничкиот дом.

За поранешниот играч на Тотенхем и Атлетико (М) се тргна наопаку, а во вакви случаи многумина обично се препуштаат на пороците на ноќниот живот.

Тоа важи и за Трипие, која неодамна беше снимен како се забавува со дури четири девојки.

Интересно, искусниот дефанзивец моментално е повреден, но тоа не го спречува да одмора надвор од теренот и да бара спас за приватните проблеми.

На почетокот на сезоната Трипие настапуваше за вториот тим на Њукасл Јунајтед, потоа беше вратен во првиот тим каде најмногу добиваше шанса од клупата за резерви.

Трипие се ожени со својата долгогодишна девојка Шарлот во 2015 година и оттогаш имаат три деца. Синот Џејкоб, ќерката Есма Роса, додека третото дете, исто така девојче, се роди во 2022 година. Неодамна беше видена без бурмата на раката, што е јасен знак дека нејзиниот заеднички живот со Трипие дефинитивно е завршен.