Кличко: Русите се борат за пари, а ние за нашите семејства – Никогаш нема да се откажеме!

118

Нашата иднина ја гледаме како земја која е дел од европското семејство. Ние не само што го браниме нашиот главен град и татковина, ги браниме и вредностите на Европската унија – рече Кличко.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во интервју за Н1 изјави дека руските војници никогаш нема да влезат во Киев.

„Ги уништивме плановите на агресорите да го окупираат Киев. Ние сме силни, посилни од Русите, бидејќи руските агресори се борат за пари, а ние се бориме да ја одбраниме нашата независност, нашата слобода. Ги браниме нашите деца, нашето семејство . Затоа нашата борба е неверојатна. Имаме неверојатна мотивација да ја браниме иднината на нашите деца. Руските војници никогаш нема да влезат во нашиот град“, рече Кличко.