Климата ќе ви биде последна на ум: Научете како најбрзо и најприродно да се разладите на горештините

390

Само што пристигна јули, а неподносливите летни горештини се тука уште од јуни.  Деновите ќе стануваат се потопли, па затоа е неопходно да се најдат начини за разладување, а не само помош да се бара во клима уредите.

Она што го сугерираат експертите е следново:

Пијте најмалку 10 чаши вода дневно

Што е приближно еквивалентно на два литри што обично се препорачуваат дури и во другите сезони.

Тоа значи дека доколку дневната количина на потребни чаши вода варира од шест до осум, во лето чашите треба да се зголемат на осум до 10, пренесува Нови лист.

Јадете лесна храна богата со вода

Правилната храна најдобро може да го хидрира нашето тело. Зелено светло, значи, за млекото, варениот и суровиот зеленчук, овошјето (особено лубеници и дињи, кои се богати со течност), сладоледите и јогуртите, кои можат да внесат во телото не само вода потребна за хидратација, туку и многу минерали неопходни за одржување на формата.

Јадете неколку помали оброци во текот на денот

Ова ќе ви помогне да ја сварите храната и да не ја почувствувате „тежината“ во стомакот.

Облекувајте се лесно

Важно е да носите полесна облека. Избегнувајте облека од синтетички ткаенини и давајте предност на природните влакна, како што се лен и памук, кои не предизвикуваат алергиски реакции и не ја прегреваат кожата.

Туширајте се неколку пати во текот на денот, дури и без сапун
Туширајте се со млака или постудена вода за да го ослободите чувството на топлина и да ја вратите удобната температура.

Исклучете ги сите електронски уреди што не ги користите во моментот
Ова е особено точно за оние што не ги користите многу често. На овој начин тие нема да црпат енергија и да испуштаат топлина, а со тоа ќе помогнат да се одржи пониска температура.

Закачете светли завеси на прозорците од вашиот дом

Особено од оние поголемите, кои помалку се загреваат, со цел дополнително да се заштити внатрешноста на домот од сончевите зраци.

На овој начин ќе можете да ја избегнете или барем да ја намалите употребата на клима уред.