КЛЕТА СУДБА….Домот и семејството на Шабан Шаулиќ завиени во црно

171

Македонија и целата поранешна Југославија се уште не можат да веруваат во тажната вистина дека од овој свет замина еден од најпопуларните и најслушани фолк-пејачи Шабан Шаулиќ кој на трагичен начи го загуби животот завчера во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Но тоа е вистината, болна и непреболна.

Пејачот во својата кариера имаше навистина голем број хитови кои беа редовно на репертоарот на многубројни свадби и овде во Македонија, а за последен пат пред нашата публика тој во живо запеа минатото лето на прилепскиот “Пиво-фест” кога неговите македонски обожаватели неколку пати го враќаа на бис заради песните кои ќе останат со сигурност да се пеат и сега по неговото физичко заминување. Шабан на свој начин ја сакаше Македонија: тука, во Битола ја служеше војската, имаше огромен број свои омилени македонски песни кои често ги пееше на своите концерти. На голем број неафирмирани македонски учесници во шоуата “Ѕвездите на Гранд” и “Ѕвездите на Пинк” им даваше максимална поддршка сметајќи ги со право за едни од најталентирани млади пејачи во регионот…

Шабан е голема пејачка ѕвезда, секој што ја следи фолк музиката тоа ќе го каже без размислување. Голем шок и неверица владеат на сите страни поради неговото физички заминување. Многу познати личности од поранешна Југославија и од Македонија се простуваат од него преку социјалните мрежи, праќаат изрази на длабоко сочувство до фамилијата на Шаулиќ, а сочувство испрати и српскиот претседател Вучиќ. Меѓутоа има и доста нејасни моменти кои се случуваа пред трагичната несреќа. Неговиот кум Бобан Стојадиновиќ кој во автомобилот седеше зад Шабан кусо раскажа (од болничка постела) дека тоа рано утро пред да заминат од хотелот, некаде околу 5 часот, пејачот доста чудно се однесувал, дури нервозно, правејќи проблем за некои си три минути поради кои доцнеле кон аеродром од каде требале да полетаат назад за Белград. Тие три минути му биле голем проблем на Шабан поради кои не можеше да ја сокрие нервозата. Толку многу брзаше да се врати дома, дури да можеше да полета како птица и тоа ќе го направеше, само да се одмори од патувањата и настапите, да биде во својот семеен дом со децата, внуците, сопругата…. И веднаш потоа на автопатот кон аеродором се случи… трагедијата. Остануваат само сеќавањата на пејачката ѕвезда, многу спомени, многу муабети, слики, зборови, песни, солзи… Тие што го познаваа приватно велат дека Шабан често знаеше да каже за себе дека е среќен човек, но дека неговата среќа ќе биде потполна тогаш кога ќе го жени синот Михајло. Имаше голема желба тој лично да му пее на свадбата на синот, но ете лошата судбина си го направи тоа да биде сосема поинаку. Тажно, до небо. За загинувањето на Шабан Шаулиќ (денес) пишуваат и германските весници кои велат дека иако првпат слушнале за овој српски пејач, не можат да не и се изначудат на германската сообраќајна полиција која не најде за потребно да прави редовна контрола на возилата и возачите на овој дел од патот кој секогаш е пребукиран од возила бидејќи води кон аеродром.

Полицијата очигледно некаде затаила, иако германската се смета за една од најсовесните во светот. На српската, а впрочем и на балканската естрада познато е долгогодишното пријателство помеѓу Шаулиќ и Лепа Брена. Таа кога ја примила тажната вест во истиот момент се онесвестила, па нејзините брзо викнале итна помош. Лепа Брена е завиена во црнина, впрочем како и самиот дом, куќата на Шабан исполнета со лелеци и река од солзи. Легендарниот пејач ќе биде погребан на Новите гробишта во Белград, овој петок или сабота во зависност од брзината на германските процедури околу транспортот на неговото тело. Нека почива во мир! /foto:Instagram/