Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е најкорисниот играч по првата фаза на Светското првенство 2019 кое се одржува во Германија и во Данска.
Лазаров има најголем број голови и асистенции во досегашниот тек од шампионатот што го издвојува како МВП на првата фаза. Капитенот на македонската репрезентација на листата на најдобрите стрелци е на делба на 4. место со 30 постигнати голови. Но е најдобар асистент на првенството со 25 асистенции, па со вкупно 55 поени се издвојува на врвот од индивидуалната статистика пред Данецот Микел Хансен кој има 35 гола и 14 асистенции.
Борко Ристовски, пак, е на делба на осмата позиција според процентуалната успешност по бројот на одбранети удари кон неговиот гол. Ристовски има вкупно 47 одбрани досега на првенството и е трет на таа листа зад Никлас Ландин кој има 54 одбрани и Исланѓанецот Густафсон со 51 одбрана.