Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров е единствениот македонски ракометар кој настапи на Светското првенство во Египет во 1999 година, а настапува и на Мундијалот во Германија и Данска, кој ќе се игра до 27 јануари. Ова значи дека десниот бек на македонската ракометна репрезентација настапи на сите шест светски шампионати на кои играше Македонија.
Низ статистиките сигурно ќе се пронајдеме некој кој играл повеќе Светски првенства, но тешко дека ќе најдеме некој кој бил двапати најдобар стрелец и тоа еднаш со рекорд на шампионатите, а еднаш крал на стрелците со шестодиграни натпревари, додека останатите играле по десет мечеви.
Лазаров во Египет беше млад, но се наѕираше дека се раѓа нова ѕвезда во националниот тим. Во Хрватска 2009 година веќе светот го знаеше како најдобар десен бек, а потоа сите шампионати се надоврзување на низата.
Во Шпанија, Катар и Франција, предводени од капитенот, ги прескокнавме предизвиците во групната фаза, а сега Кире Лазаров е пред многу голем предизвик. Покрај себе ги нема Миркуловски, Мојсовски, Димовски, Алушовски, затоа на ова првенство на Манасков, Талески… се гледаме како на искусни репрезентативци.