Филмот „Бизнисот на задоволството“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата кинопремиера на 19 септември во 20 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје.

„Бизнисот на задоволството“ е трилер-драма во која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Првиот долгометражен филм на Цветановски веќе има освоено десетина награди на филмски фестивали по цел свет. Улогите ги толкуваат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис.

Сценариото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановски, кинематографер на филмот е Фејми Даут. Продуцент на филмот е „Македонска крепост“, заедно со „A White River Films“, „City Star Production“, „Seven Image“ и „351 Studio“. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм.