Кинески научници открија необичен „накит“ околу вратот на мумија – парче од најстарото сирење во светот

36

Научниците го открија најстарото парче сирење во светот, околу вратот на мумија во Кина, објави Sky News.

Остатоците стари 3.600 години беа пронајдени на гробиштата Ксиаохе во Ксинџијанг, Кина за време на ископувањето во 2003 година, каде што над вратот на мумифицираната млада жена беше ставен предмет што изгледаше како парче накит.

И покрај тоа што објектот изгледаше како парче накит во тоа време, научниците сега велат дека го идентификувале примерокот како најстарото парче сирење на светот.

„Обичното сирење е меко. Ова не е. Сега стана суво и тврдо“, изјави за NBC News Ксијаомеи Фу, палеогенетичар од Кинеската академија на науките во Пекинг.

Таа објасни дека кога трупот на жената бил ексхумиран, било откриено дека сирењето е добро сочувано поради сувата клима во пустината Тарим Басен.

Иако производството на сирење одамна е опишано во историјата, истражувачите во студијата објавена во списанието „Cell“ напишале дека „историјата на ферментирани млечни производи е во голема мера изгубена во антиката“.

Зборувајќи за гореспоменатиот медиум, Фу рече дека таа и нејзиниот тим зеле примероци од три гробници на гробиштата Ксијаохе и ја обработиле ДНК за да ја следат еволуцијата на бактеријата во текот на илјадници години.

Тие рекоа дека примероците покажале дека се работи за кефир направен со ферментирање на млеко со користење на зрна кефир, а има и докази за употреба на козјо и кравјо млеко.

Истражувањето покажа дека популациите од бронзеното време, како и луѓето од Ксиаохе, за кои се знаело дека се генетски нетолерантни на лактоза, консумирале млечни производи пред ерата на пастеризација и ладење.

„Овие примероци од кефирско сирење стари 3.500 години се меѓу ретките млечни остатоци зачувани повеќе од 3.000 години, произведени од популацијата Ксиаохе од бронзеното време – популација со мешан начин на живот и техники“, велат научниците.

Ен-би-си ја праша Фу дали сирењето може да се јаде и дали ќе го проба, на што таа одговори „нема шанси“.