Тим од кинески научници од Политехничкиот универзитет во Хонгконг, предводени од Фенг Јан, успеаја да развијат многу евтин и прецизен тест на антитела против новиот корона вирус користејќи електрохемиски транзистори.
Со овој едноставен тест за пет минути може прецизно да се утврди дали веќе сте го прележале КОВИД-19 и дали имате имунитетна заштита која ја даваат вакцините, а потребен е само примерок од крв или плунка.
Кога некој е заразен со новиот корона вирус или ако е вакциниран нивниот имунолошки систем произведува антитела кои се борат со тој вирус. Тие антитела продолжуваат да се произведуваат во телото уште најмалку шест месеци, па може да се искористат за откривање на претходни инфекции или реакции на вакцините.
Новиот тест се покажал многу прецизен во мерењето на нивото на антителата на примероци од крв и плунка кои биле контаминирани со различни нивоа на антитела во лабораторија. Кинеските научници сега планираат да вршат клинички тестирања за да потврдат дека тестот функционира и во реални услови. Ако клиничките тестирања бидат успешни, кинескиот тим ќе побара одобрение за продажба на тестот кој ќе чини помалку од 1 долар.