Кинески интерес за Милер

122

Бомбардерот на германскиот гигант Баерн (М), Томас Милер, има добиено понуда од еден кинески клуб, чие име не се открива, објави „Кикер“.

Според порталот, на 29-годишниот Германец му е понуден договор со плата од 25 милиони евра годишно. Сепак, Милер нема намера да ја прифати примамливата понуда со објаснување дека тој е сѐ уште млад и премногу добар за Кина.

Милер целата своја досегашна професионална кариера, почнувајќи од 2008 година ја помина во редовите на баварскиот гигант.