Кинескиот земјоделски потфат на Месечината пропадна: Сè им овена!

79

Само 24 часа откако кинеските научници се пофалија дека на Месечината покрај семките од памук, никнале и првите билки, истите веќе овенале, објави Индепендент.

Како причина за овој неуспех се наведуваат ниските температури, објаснил професорот Хие Генхин и додава дека билките посадени во посебни алуминиумски контејнери, тешки три килограми, едноставно немале шанса за раст и „преживување“.

Иако споменатите контејнери биле дизајнирани да ја одржуваат температурата од 1 до 30 степени, да имаат доволно природна светлина и да им осигураат вода и сите потребни хранливи материи на билките, но кога кинеската сонда Chang’e-4 во саботата влегла во т.н. лунарна ноќ, сите надежи паднале во вода.

Претходно кинеските научници објавија дека на Месечината изртел прво памукот, па после и се појавиле и никулци на компир. Но, кога падна ноќта, падна и надворешната температура, па никулците не успеаја да преживеат. Кинеските научници истакнаа дека не ни очекувале дека растенијата ќе поживеат повеќе од неколку часа.

Експериментот со билките е осмислен за да покаже колку долго астронаутите со сопствени извори на храна можат да издржат во Вселената, без да мора да се враќаат на Земјата за да се снабдат со храна.