Кина: Три лица заробени во поплавен рудник – спасувачката акција е во тек

19

Три лица останаа заробени откако утринава вода упадна во рудник за јаглен во близина на Таијуан, главниот град на северната кинеска провинција Шанкси, соопштија локалните власти.

Несреќата се случила во рудник за јаглен во округот Чинси, јавува Ксинхуа. Агенцијата наведува дека акцијата за спасување е во тек, пренесува Танјуг.