Кина денеска пријави голем пад на локалните инфекции со Ковид-19 во северниот град Ксиан, кој беше под строги мерки за изолација во изминатите две недели.
Националната здравствена комисија денеска регистрира само 35 нови случаи во Ксиан, што е намалување во однос на 95 еден ден претходно.
Во пресрет на Олимписките игри во Пекинг, кои започнуваат на 4 февруари, Кина ги зголемува напорите да ги спречи локалните епидемии и да одржи политика на „нулта инфекција“ со строги ограничувања.
Дозволени се само неопходни патување до и од Пекинг, а повеќето хотели не прифаќаат нов и резервации.
Предвидено е спортистите, официјалните лица и новинарите веднаш штом ќе пристигнат да влезат во „антипандемискиот“ балон и да останат во него до крајот на ЗОИ, до 20 февруари.