Кина користи дронови за предупредување на граѓаните од коронавирусот

81

Кинеските власти почнаа да користат дронови со спикерфони, со цел да ги предупредат граѓаните да носат заштитни маски.

Одлуката е донесена поради ширењето на коронавирусот.

Досега од вирусот починалле 305 лица, а повеќе од 14.000 се заразени.

Еден смртен случај е регистриран надвор од Кина, на Филипините, каде почина еден од двајцата кинески државјани кои беа заразени од новиот вирус.