Ким Џонг Ун: Русија има право на самоодбрана

22

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун му рекол на рускиот министер за одбрана дека употребата на западните ракети со долг дострел од страна на Украина е резултат на директна воена интервенција на САД и дека Москва има право на самоодбрана, објавија во саботата државните медиуми.

Во петокот, Ким се сретна со министерот Андреј Белоусов, а потоа изјави дека поради САД и западните земји, Киев „ја нападна руската територија со нивното оружје со долг дострел“ и дека Русија мора да направи нешто за „непријателските сили да ја платат цената“, КЦНА. известува агенција на комунистичката диктатура.

Ким најави продлабочување на односите со Русија во сите области, вклучително и во војската, како дел од стратешкото партнерство што го потпиша со рускиот претседател Владимир Путин во јуни. Дел од тој договор е договор за меѓусебна одбрана, пишува КЦНА.

Новинската агенција не спомна дали Ким и Белоусов разговарале за севернокорејските војници кои се борат со Украинците на страната на Русија. Според тврдењата на Пентагон и Украина, околу 11 илјади севернокорејски војници се борат за Русија.