Шпанските медиуми немаат дилема дека каталонскиот гигант Барселона ќе биде следната дестинација на стандардниот првотимец во дресот на Баерн (М), Џошуа Кимих. Репрезентативецот на Германија има договор со баварскиот клуб до крајот на актуелната сезона и не планира да ја продолжи соработката. Тоа значи дека играчот за врска ќе се пресели на „Ноу Камп“ без никакво обештетување.