По 12 години поминати во Кил, на легендарниот германски кружен напаѓач Патрик Винцек, најверојатно нема да му биде продолжен договорот. Според најтиражниот германски весник „Билд“, раководството на Кил се одлучи да ја продолжи соработката со Хендрик Пекелер, а доаѓа и Верон Начиновиќ од Монпелје, тука е Питер Оверби, па нема место за Винцек, кој потекнува од Дуисбург, а играше за Тусем Есен, Гумерсбах, Бергишер и Диселдорф. Од 2012 година го носи дресот на „зебрите, но тоа ќе заврши со крајот на оваа сезона.

За „Килер Нахрихтен“, спортскиот директор на Кил, Виктор Силаѓи, изјави дека засега никакво решение не е донесено и дека Винцек треба да одбере дали сака да продолжи со активно играње или да работи надвор од теренот, но допрва ќе биде познато за каков пат ќе се одлучи искусниот пивот.