Килијан Марфи се враќа како Томи Шелби: Нетфликс снима филм „Peaky Blinders“

272
EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Нетфликс објави дека планира да сними филм „Peaky Blinders“ со оскаровецот Килијан Марфи во улогата на гангстерот Томи Шелби.

„Изгледа дека Томи Шелби не заврши со мене“, рече Марфи, според соопштението на Нетфликс објавено во вторникот. „Ова е за фановите“, додаде 48-годишниот ирски актер, кој неодамна доби Оскар за најдобар актер во филмот „Опенхајмер“.

Фотографијата од сценариото на филмот, објавена на социјалните мрежи од Нетфликс, гласи: „Напишано од Стивен Најт“ и „Во режија на Том Харпер“ на насловната страница.

Би-би-си направи серија со исто име, „Пики блиндерс“, која се емитуваше шест сезони од 2013 до 2022 година.

Тоа е приказна за легендарната улична банда во Бирмингем, вториот по големина англиски град, во периодот од преминот на 19 до 20 век до Првата светска војна.

Во филмот, приказната продолжува низ Втората светска војна, која Стивен Најт ја опиша како „експлозивно поглавје“ во историјата на бандата.

Нетфликс сè уште не објави кога филмот ќе започне да се прикажува.