Киеза и Томас замена за Икарди

146

Раководните лица на Интер сакаат за време на летниот преоден рок да се ослободат од услугите на аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди.

Поранешниот капитен на „нероазурите“ веќе со месеци е во војна со клупските челници и со најверните фанови и поради таа причина ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 120 мил. евра.

Парите кои ќе бидат заработени од продажбата на Икарди ќе бидат искористени за реализација на трансферите на Фредерико Киеза (Фиорентина) и Томас Парти (Атлетико М.).