Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се појавија во Бредфорд со насмевка на нивните лица и покрај досегашните случувања околу кралската драма и финансиското осамостојување. Но, забележлив беше уште еден детаљ со кој се занимаваа многумина.
Поточно Кејт за оваа пригода избрала капут на познат светски дизајнер, а под него носеше фустан од само 1.173 денари.
Овој миди, пепито фустан со долги ракави таа го зела на голем попуст од 90 на 16 фунти, но сепак во нашата земја овој фустан е на помал попуст и може да се најде за околу 2.000 до 3.000 денари.