Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн ги искажа очекувањата за големото дерби со Баер Леверкузен.
Натпреварот од 5. коло во Бундеслигата ќе се одигра на 28 септември во Минхен.
– Ние сме Баерн и не се приспособуваме на играта на противникот. Секако, не чека тежок тест. На Леверкузен му оди одлично, но со ист став и посветеност ќе пристапиме на натпреварот. Домашен натпревар за време на Октоберфест ќе биде одличен настан, изјави Англичанецот во дресот на Баварците.
Баерн е во одлична форма, а во саботата го совлада Вердер на гости со 5:0