Кесар ќе скока под рекетот

119

Српскиот кошаркар, Игор Кесар, го засили гевгелискиот прволигаш Кожув. Се работи за 26-годишен кошаркар кој игра на позиција центар, висок 210 сантиметри. Во текот на кариерата Кесар играше за Слога, Напредак Крушевац, Тамиш, Игокеа,Спартак Суботица, бугарскиот Балкан, а во првиот дел од сезонава ги бранеше боите на ПВСК Пантерс.

Пред него на гевгелиската екипа и се приклучи Американецот Девонтах Вилијамс, кој дојде од српскиот прволигаш Спартак Суботица.