Керол со брутален коментар му го спушти на Златан

30
epa10493178 AC Milan’s Zlatan Ibrahimovic reacts during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Atalanta at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 26 February 2023. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Единствената сличност што ја имаат Енди Керол и Златан Ибрахимовиќ е фризурата, бидејќи и двајцата имаат врзани опашки, а во се друго тешко е да се каже дека Англичанецот е на нивото на популарниот Ибракадабра.

Златан играше за некои од најголемите европски клубови како Милан, Јувентус, Интер, Ајакс, ПСЖ, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Покрај тоа, тој ја искористи и шансата што му се укажа, па заигра еден период во МЛС за тимот на ЛА Галакси, а сега е вработен како консултант во калчо гигантот Милан.

Од друга страна, Енди Керол на фудбалската сцена се појави во дресот на неговиот клуб од детството Њукасл, за кој дебитираше во 2006 година.

Играше брилијантно во „црно-белиот“ дрес, а тоа му донесе голем трансфер од 35 милиони фунти во Ливерпул во 2011 година, но таму не покажа се што знае.

Напаѓачот се мачеше од неговото доаѓање на „Енфилд“, а по само две години во овој клуб, реши дека е време да замине.

После тоа играше во Вест Хем Јунајтед, потоа се врати во Њукасл, па дури и се спушти во пониските рангови, а играше за Ридинг и Вест Бром.

Керол реши да го напушти англискиот фудбал во 2023 година и потпиша за второлигашот од Франција, Амиен, а сега настапува за Бордо, кој се натпреварува во француската Четврта лига.

И Керол и Ибрахимовиќ се познати по нивниот сличен стил на игра, што често доведуваше до повреди на двајцата играчи.

Ибрахимовиќ неодамна објави фотографија од повредата на главата со која се здоби за време на еден ревијален натпревар.

Интересно е што токму Енди Керол реши да остави коментар под фотографијата на Ибракадабра.

„Порасни, имав потешки повреди од госпоѓава“, напиша Керол на фотографијата на Ибрахимовиќ.

Овие двајца фудбалери играа еден против друг два пати. Еднаш на Европското првенство во 2012 година, а вторпат во Премиершип во сезоната 2016/17.

На коментарот на Керол веднаш се надоврзаа фановите.

„Златан не чувствува болка, болката го чуствува Златан“, напиша еден фудбалски фан.