Кевин де Бруин започна преговори со новиот клуб

1498
epa11418499 Kevin de Bruyne (L) of Belgium during the UEFA EURO 2024 group E match between Belgium and Slovakia, in Frankfurt Main, Germany, 17 June 2024. EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Кевин де Бруин, еден од најдобрите играчи за врска во светот, е во последната година од договорот со Манчестер Сити. Поранешниот играч на Волфсбург и Челзи ја игра својата десетта сезона во дресот на „граѓаните“ и е еден од најдобрите играчи во Премиершип.

КДБ го предводеше Манчестер Сити до шест титули во Премиер лигата, два ФА купа, а клубот со него освои една во Лигата на шампиони.

Поради тоа што е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот, веднаш беше забележан од неколку екипи од Саудиска Арабија, но како што стојат работите, тој нема да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток.

Имено, Де Бруин би требало да ја продолжи својата богата кариера во МЛС, поточно во тимот на Сан Диего.

Според англиските медиуми, овој клуб веќе ги започна преговорите со претставниците на Де Бруин, а му била понудена годишна плата од 20 милиони долари.

Иако во Сан Диего се надеваа дека веќе во јануари можат да го доведат Де Бруин, тој не сака да си замине сред сезона, но на лето е подготвен да ја промени средината.

Минатата сезона Де Бруин беше долго повреден, но сепак одигра 15 натпревари од првата минута, а забележа 10 асистенции и постигна четири гола.

И покрај конкретниот интерес од Сан Диего, тешко е за верување дека клубовите од Саудиска Арабија лесно ќе се откажат од намерата да го ангажираат.

Сепак, Англичаните тврдат дека Де Бруин е повеќе заинтересиран за Америка, и дека кариерата треба да ја продолжи во таа земја.