КДБ за интересот од С.Арабија

123
epa11418499 Kevin de Bruyne (L) of Belgium during the UEFA EURO 2024 group E match between Belgium and Slovakia, in Frankfurt Main, Germany, 17 June 2024. EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Стандардниот првотимец во дресот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, откри дека за време на летниот преоден рок не разговарал со ниту еден клуб кој се натпреварува во Саудиска Арабија. Исто така, белгискиот интернационалец откри дека во следните неколку месеци ќе разговара со челниците на Сити околу неговиот договор кој е со важност до крајот на актуелната сезона.