Претходните недели многу се шпекулираше дека Кевин де Бруин би можел да ги напушти редовите на Манчестер Сити на крајот од сезоната и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија или Соединетите Американски Држави, но се чини дека Белгиецот веќе ја донел својата финална одлука.
Веднаш по поразот на Сити од Јунајтед во финалето од ФА Купот англиските медиуми ја пласираа и информацијата дека КДБ не сака да си замине од најголемата фудбалска сцена.
„Мирор“ објави дека и покрај богатите понуди од клубови од Северна Арабија и САД, Де Бруин се уште не е подготвен да ја напушти Европа бидејќи има само 32 години и јасно е дека се уште може да игра на високо ниво.
Офанзивниот играч за врска е многу поблиску до останување на „Итихат“ отколку да заминување, а доби понуда да го продолжи договорот на уште една сезона, што најверојатно ќе се случи наскоро.
Иако неговите агенти разговараа со други клубови и имаат неколку понуди на маса, на крајот КДБ одлучи дека е најдобро да остане во Сити откако и Пеп Гвардиола покажа желба за таков епилог.
Де Бруин има договор до крајот на следната сезона, но се очекува соработката да биде продолжена за уште една сезона, што значи дека најверојатно ќе остане на „Итихат“ уште две години.
Белгиецот пристигна во Сити пред девет години од Волфсбург за 76 мил. евра. Сезонава имаше проблеми со повредите, поради што одигра само 26 натпревари ,а успеа да постигне шест гола и да забележи дури 18 асистенции.
Во претходните девет години, искусниот 32-годишен фудбалер одигра вкупно 382 натпревари за Сити, постигна 102 гола и забележа 170 асистенции. Де Бруин со „граѓаните“ освои 18 трофеи во последните девет сезони.