Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се вклучи во трката по потписот на грузискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Квича Кварацкелија. Крилниот напаѓач се уште преговара околу новиот договор, но италијанските медиуми тврдат дека во игра е и опцијата за промена на средината за време на летниот преоден рок.