Каталонскиот гигант Барселона доби сериозна конкуренција во францускиот прволигаш ПСЖ кога е во прашање потписот на грузискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Квича Кварацкелија. Италијанските медиуми открија дека Наполи има преблем околу продолжувањето на соработката со крилниот напаѓач кој моментално е проценет на најмалку 100 мил. евра.