Катица Јанева бара плата уште 12 месеци

127

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која сè уште е во притвор како осомничена во аферата „Рекет“, побарала апанажа, соопшти претседателот  на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски.

Станува збор за едногодишна исплата која им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат.

Дел од медиумите пренесуваат дека до комисијата стигнале две барања за апанажа, едното лично од Катица Јанева, а другото преку нејзиниот адвокат Ирена Фрчкоска.