Шест загинати, неколку исчезнати, илјадници евакуирани и десетици илјади без струја се последиците од невремето Борис, кое ја пустоши централна и источна Европа со бурни дождови и катастрофални поплави, пренесува агенцијата Хина.
Ова невреме предизвика катастрофални штети и поплави во Чешка, Словачка, Полска и Романија. Под вода се и делови од Австрија.
Откако четири лица загинаа во Романија во саботата, бројот на загинати се искачи на шест со давење на едно лице во Полска и смрт на пожарникар во Австрија во неделата, пренесе Гардијан.
Четири лица исчезнаа во Чешка.