Катастарот ќе промовира регистар на имоти одземени поради долг

252

Регистар на преземени недвижности наменети за продажба, односно имотите што се одземени поради долг, ќе биде промовиран денеска во Агенцијата за катстар на недвижности.

Новината за граѓаните и инвеститорите што се воведува во државава ќе ја претстави на прес-конференција директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев.

Законски услови за воспоставување и водење на овој регистар се создадени со последните измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности.