Многу девојки кои се здобија со слава со соблекување се каат подоцна во животот. Таков е случајот со познатата бразилска одбојкарка Маријана Коста.
Пред околу еден месец, Коста пристигна во ЧСМ од Букурешт. Станува збор за одбојкарка која важи за една од најубавите во светот. Голем дел од нејзината слава дојде од позирањето за машкиот магазин „Плејбој“. Сепак, повеќе од една деценија подоцна, таа призна дека се кае за тоа.
Откако се појави во познатиот магазин, таа го доби прекарот „Музата на одбојката“. Тоа очигледно добро и дојде, но сега вели дека не би го повторила.
- Тоа е искуство за кое се каам, помина. Не се гледам себеси како муза, туку како спортистка. Затоа не сакам ни да зборувам за тоа, бидејќи тоа е нешто што останало во минатото, изјави Коста за романските медиуми.
Со својата репрезентација се закити со шампионска титула во Јужна Америка во 2015 година, како и со трофеј во Светската лига во 2016 година.
На клупски план го освои првенството во Бразил и Швајцарија, како и јужноамериканското клупско првенство. Во своите витрини има медали и неколку национални купови.