КАСАНО: „Не ми се допаѓа, тој е хистеричен и не знае што да прави“

54

Пензионираниот италијански напаѓач, Антонио Касано, го критикуваше најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, а особено неговиот српски напаѓач Душан Влаховиќ. Поранешниот италијански репрезентативец кој настапуваше за Рома, Милан, Интер, Реал (М) тврди дека малку се променило во Јувентус откако Масимилијано Алегри беше заменет со Тијаго Мота.

“Зборував против Алегри затоа што е ѓубре. Сè уште мислам така. По шест натпревари морам да го кажам истото за Мота. Досега тој не направи ништо. Во првите натпревари неговиот тим играше зад топката и беше ориентиран на контранапади. Реков дека Јувентус нема да биде меѓу четирите најдобри екипи во лигата, а ситуацијата сега е уште полоша отколку што беше“, изјави Касано.

Потоа, контроверзниот Италијанец удри по предводникот на „старата дама“ и по српскиот интернационалец.

“Го почитувам Тијаго, но тој не вреди ништо во ова првенство. Не ме убеди. Дали неговите ротации се добри или лоши? Не го сакам Влаховиќ. Тој е хистеричен и нема личност. Не знае што да прави и секогаш се жали“, додаде Касано.

Јувентус пред две години го донесе Влаховиќ од Фиорентина во трансфер вреден 83,5 милиони евра. Оттогаш, српскиот напаѓач одигра 108 натпревари за клубот од Торино, постигнувајќи 45 гола и запиша 10 асистенции. Во актуелната сезона Србинот постигна четири гола на вкупно седум натпревари за клубот од „Алијанц арена“.