Латиноамериканската ѕвезда што ги фрли, пред сè, мажите на колена, искрено се радува за ова доаѓање, по речиси 17 години пауза. Но, тоа доаѓање не е само од љубов кон Балканот туку е добро и подмачкано со финансиски хонорар од 30 илјади евра! Притоа, актерката се сеќава и на одличниот пречек во Скопје, кога беше ултрапопуларна и кај нас со серијата
Оние што, сепак, по некоја случајност заборавиле на некогаш многу популарната Касандра од истоимената ултрагледана ТВ-серија, која ја толкуваше Кораима Торес, со задоволство ќе ги потсетиме на неа.
Радосната вест е дека пак пристига Касандра на Балканскиот Полуостров. Поточно во Белград, сега, кон крајот на септември. Латиноамериканската ѕвезда што ги фрли, пред сè, мажите на колена, искрено се радува за ова доаѓање, по речиси 17 години пауза. Но, тоа доаѓање не е само од љубов кон Балканот туку е и добро “подмачкано” со финансиски хонорар од 30 илјади евра!
Сè уште згодна, актерката ќе ѝ се приклучи на актерската екипа од српската серија „Игра на судбината“. Касандра ќе се појави и во третиот дел од српската ТВ-новела „Јужен ветер“.
– Засега Кораима Торес останува во Србија „дури“ цели три дена и секоја минута од нејзиниот престој е детално испланирана. Таа ќе престојува во претседателскиот апартман на хотелот (името на хотелот се држи во тајност) и ќе ѝ бидат исполнети желбите што им ги испратила на организаторите. Скромна е! Сака да види неколку знаменитости во главниот српски град што не ги видела кога била во Србија, пред неколку години. Потоа сака да руча, а ручекот да се состои од многу српски кулинарски специјалитети.
–
И тогаш кога била, јадела домашна пита-гибаница со ужичко младо сирење, вкусна лесковачка скара, шумадиски кајмак, а пиела и од позната ракија сливовица. Сега пак го сака истото тоа. Ќе ги проба и вината, за кои слушнала дека се одлични – изјавиле организаторите.
Висината на хонорарот од 30 илјади евра не била толку пресудна за нејзиното доаѓање. Улогата во српската серија многу ѝ се допаднала и сè било договорено во претходниот период. Продукцијата сега само чека таа авионски да слета во Белград.
Притоа, актерката се сеќава и на одличниот пречек во Скопје, кога беше ултрапопуларна и кај нас. Познатата Цветанка Ласкова, нејзиниот сопруг Миша и нивната тогашна успешна продукција је донесоа во македонската метропола. Касaндра, односно Кораима, секогаш истакнува дека Србија и Македонија имаат посебно место во нејзиното срце.
– Срцето ми е полно и сите многу ги сакам. Луѓето на Балканот се љубезни, внимателни и ми даваат поддршка за сè. Љубовта што уште ја добивам од Србија, и тогаш од Македонија кога се емитуваше серијата „Касандра“, и понатаму ја чувам во моето срце – изјавува Кораима.