Претседателот на Движењето Беса во Македонија, Билал Касами, зборуваше во „Ора њус” за преговорите со премиерот Зоран Заев, за гласање на уставните измени.
Тој рече дека албанското прашање во Македонија се уште не е затворено, и нема да се затвори се додека Албанците не станат рамноправни со Македонците. Касами вели дека ова е прифатено и од самиот премиер Заев.
На прашањето што преговарал со премиерот Зоран Заев за да гласа за уставните измени Касами изјави дека тоа не била битка на Движењето Беса, туку битка за албанското прашање во Македонија кое, според него, и понатаму останува отворено и покрај фактот што некои албански партии во владата за да ги бранат своите позиции го прогласија албанското прашање за затворено.
-Ова се обидоа да го кажат и од Вашингтон, но ние успеавме да постигнеме договор со владата за ова прашање да остане отворено и понатаму се решава. Албанците овде се третираат како малцинство, иако се најважниот дел од македонската држава, после Македонците ние сме мнозинство во Македонија и како такви ги бараме нашите права да бидеме третирани како уставотворен народ и народ кој е основач на оваа држава. Значи, изјавија дека со половичното решение на прашањето за албанскиот јазик албанското прашање повеќе не постои. Се додека албанскиот јазик не влезе во Уставот, како еднаков на македонскиот јазик, се додека Албанците не се споменуваат во Уставот на Македонија како рамноправни граѓани и како државотворен народ на Македонија, албанското прашање ќе продолжи да биде отворено. Ова го прифати и премиерот Зоран Заев во документот потпишан со Движењето Беса, изјави Касами за Ора њуз.