КАРЛСОН ВО НЕВЕРУВАЊЕ: Водителот објави нова снимка од Москва/ВИДЕО

21616

Американскиот новинар Такер Карлсон по посетата на продавница во Москва изјави дека цените во Русија се четири пати пониски отколку во САД. Новинарот на својата веб-страница објави видео од неговата посета на хипермаркетот „Ашан“.

Во продавницата купил намирници кои четиричлено семејство ги купува секоја недела. Карлсон за тоа платил 9.481 рубли. (околу 104 долари). Во САД, според новинарот, ваква корпа би го чинела 400 долари.

Карлсон го привлече вниманието и на присуството на производи од западни компании во Ашан.

Новинарот заклучил дека посетата на руска самопослуга во Русија може да ги „радикализира“ американските граѓани против нивната влада.

Такер Карлсон ја посети Москва за да го интервјуира претседателот Владимир Путин, беше објавено ноќта на 9 февруари.

Одлуката за интервју од Путин новинарот ја објасни со тоа што Американците „немаат поим“ за тоа што се случува во Русија и Украина.